Во два вооружени напади во Германија еден Србин убиен, друг тешко повреден

Во два вооружени напади во германскиот град Абенсберг, еден Србија (32) е убиен, а друг (46) е тешко повреден и лекарите се борат за неговиот живот. Полицијата по бегството ги уапси осомничените, кои не пружале отпор, а истражителите се сомневаат дека извршителите во двата напади се исти, пренесе „Билд“. Како што се наведува, осомниените се од Косово, а двете жртви се државјани на Србија.

Според информациите на „Билд“, двајца осомничени се уапсени час и половина откако полицијата го примила првиот итен повик. Полицијата била известена за итен повик, дека двајца мажи наводно нападнале маж пред трговски центар во Абенсберг. Биле испукани неколку куршуми, а жртвата починала на паркинг. Осомничените побегнале со автомобили.

Во меѓувреме, во друг дел од градот дошло до друга инцидент. Главниот инспектор Гинтер Томашко рекол дека пред куќата било пукано во маж, кој е животно загрозен.

„Се сомневаме дека се работи за исти напаѓачи. За мотивите за убиството не можеме да изнесеме повеќе детали“ изјави инспекторот Томашко и додаде дека напаѓачите и жртвите најверојатно се познавале.

Моментално нема докази дека повеќе луѓе се вмешани во нападот.

Треба да знаете
Последни објави