ЕУ: Ракетата лансирана од Северна Кореја е нова провокација

Проектилот лансиран од страна на Северна Кореја е уште една провокација, велат од Европската унија.

„Овој чекор се коси со сите напори од страна меѓународната заедница да изгради доверба, да обезбеди безбедност и да го одржи мировниот процес на Корејскиот полуостров“, се вели во соопштение на ЕУ.

Реакцијата доаѓа откако Северна Кореја тестираше балистичка ракета лансирана од подморница на отворено море, само еден ден откако најави дека ќе ги продолжи преговорите со САД.

„Би сакале да повториме дека од Северна Кореја очекуваме да се воздржи од овие активности кои се косат со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, а истовремено очекуваме и да биде посветена на кредибилни и значајни дипломатски преговори. Нашата крајна цел останува да ја оттргнеме Северна Кореја од програмите за нуклеарното и преостанатото оружје за масовно уништување, како и балистичките ракети со секаков дострел“, велат од ЕУ.

Унијата додава дека се надева на продолжението на преговорите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, за кои изрази голема поддршка со цел да се најде дипломатско решение кое ќе доведе до мир и безбедност на Корејскиот полуостров.

Оваа ракета беше единаесеттата по ред која Северна Кореја ја лансираше оваа година.

Треба да знаете
Последни објави