Министерот за надворешни работи, Никола Димитров имаше билатерална средба со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Заниер, кој денеска присуствуваше на меѓународна конференција на тема: „Едно општество за сите и интеркултурализам“ како еден од главните говорници. Тој имаше и повеќе билатерални средби со државнот врв, како и со неколку градоначалници во Скопје.
Средбите беа во контекст на размена на мислења околу овозможување успешна имплементација на Стратегијата за едно општество и интеркултурализам, по нејзиниото освојување, како тема која е во центарот на мандатот на Амбасадорот Заниер.
На средбата, на која го придружуваше и Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ, Која, беа разменети мислења за активностите околу подготовката и идната примена на Стратегијата за едно општество и интеркултурализам, која е резултат на концептот зад кој застана Владата, поддржан од сите домашни засегнати страни – државните институции но и граѓанскиот сектор, академската заедница, и меѓународните партнери – ОБСЕ, Европската Унија и Советот на Европа.
Димитров ги поздрави ангажманот на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ и истовремено се заблагодари на неговата поддршка на Стратегијата за интегрирано образование, како една од најсуштествените елементи и предизици на патот на овозможување на едно општество за сите.
Заниер, ја реафирмираше поддршката за процесот како и спремноста и понатаму да ја помогне имплементацијата на Стратегијата, особено во контекст на неговиот посебен интерес за интегрираното образование, а во насока на создавање на интегрирано и функционално општество што треба да претставува долгорочна цел на сите политички актери во земјата.