Во есејот што го напиша за „Тајм“, 27-годишната Селена Гомез ја откри својата приватна борба и приказната за членовите на нејзиното семејство кои дошле во Америка без потребните документи, како и дека фактот што има мексикански гени ја инспирирал во нејзината нова улога – улогата на извршен продуцент на новиот документарен филм на „Нетфликс“ – „Living Undocumented“.
https://www.instagram.com/p/B2g-JBaDBiv/
„Да се живее без хартија е нешто за кое размислувам секој ден и никогаш не заборавам колку сум благословена што сум родена во оваа земја, благодарение на моето семејство и на ѕвездите што така се наместиле“, напиша Селена Гомез во есејот објаснувајќи како нејзината тетка била прва во семејството што ја преминала границата на Мексико и Америка во 70-тите години возејќи се во задниот дел на камионот.
„Моите баба и дедо тргнаа по нејзините стапки, а татко ми се роди во Тексас набргу после тоа“. Пејачката и актерка додаде дека благодарение на храброста и одрекувањето на семејството, таа се родила како американски државјанин.
Селена Гомез е свесна дека нејзината приказна не е невообичаена, но снимките кои ќе бидат објавени во „Living Undocumented“, ја расплакале.
„Кога читам наслови, слушам што се зборува за имиграцијата, ги следам на социјалните мрежи, се плашам за сите оние кои се наоѓаат во слична ситуација. Се плашам за мојата земја“, рече Селена Гомез.