Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром, со ефикасна игра и убедлива победа стартуваше во новата сезона во втората АБА лига.
Жртва на „штрковите” беше Слобода Тузла, која во „Јане Сандански” беше совладана со 110:88. Кај МЗТ блескаше засилувањето Нуни Омот со 33 поени. Американецот со кенијско потекло, даде шест тројки од шест обиди, а за двојка шутираше 7/8. Тој имаше индекс на корисност од 37 поени, и тоа го прави најкорисен поединец на првото коло.
Дамјан Стојановски придонесе со 16, Бојан Крстевски со 13, Андреј Магдевски со 12, а Џабари Хиндс и Андреј Маслинко со по 11 поени. МЗТ погоди дури 19 тројки од 31 обид.
Во следното коло на 9 октомври, „металците” гостуваат кај Спарс во Сараево, тим кој стартуваше со домашен пораз од Рогашка.