(Вознемирувачко видео) Германски новинар објави снимки од обезглавен мигрант во БиХ

Германскиот новинар и хуманитарец, Дирк Планер постави на својот профил на Фејсбук вознемирувачко видео на кое се гледа тело на обезглавен човек, за кое вели дека е на мигрант убиен во северозападниот дел на БиХ, близу границата со Хрватска, а за што надлежните во Босна не се огласиле. Германецот вели дека видеото го добил од мигрантите на кои им помага со месеци во Унско-Санската жупанија, во која има два логори за илегални мигранти.

-Снимката е направена вчера од мигранти. Според нив, тие го пронашле телото во реката Корана во близина на Цазин, Босна и Херцеговина. Човекот очигледно се обидел или веќе успеал да влезе во ЕУ. Зошто тој не носи облека сè уште не е познато, како ниту се друго. Полицијата треба да го испита ова, напиша тој на Фејсбук.

Досега надлежните не се огласиле за видео и нема официјална потврда дека тоа е навистина мигрантско тело пронајдено во БиХ.

Видеото може да го видите на https://www.facebook.com/dirk.planert/videos/10219832088621033/?t=19

Треба да знаете
Последни објави