Скопјанец повреден во судир на автомобил и автобус

На 03.10.2019 во 12.55 часот на регионалниот пат Скопје- Куманово, кај село Арачиново се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген бора“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.В., и автобус „ман“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Н.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото, М.В.,кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави