Нигериски репрезентативец пронајден мртов

Нигерискиот фудбалски репрезентативец Нисак Промис, кој во 2008 година беше дел од тимот, кој го освои олимпиското сребро е пронајден мртов во неговиот дом во Тексас. Неговото тело било пронајдено во домашната теретана, а полицијата констатирала дека се работи за природна смрт.

Промис последниот ангажман го имаше за американскиот тим Болд, додека претходно има играно за Га Револушн, турски Гиресунспор, Карабукспор, Мерси, Трабзонспор…

Треба да знаете
Последни објави