(Видео) „Нож в грб 2“ пристигна на „Нетфликс“

Филмот „Нож в грб“, крими-драма делумно инспирирана од Агата Кристи, неочекувано стана кино хит во 2019 година.

Затоа, не е чудно што веста за продолжението предизвика голем ентузијазам кај гледачите. Вториот филм, „Стаклен кромид: Нож в грб“ (Glass Onion: A Knives Out Mystery), е веќе достапен на „Нетфликс“.

Детективот Беноа Блан, кој го глуми Даниел Крег, оди во Грција. Таму запознава нови, интересни ликови и нова мистерија која треба да се реши. Покрај Крег, остатокот од актерската екипа го сочинуваат познати актерски имиња, меѓу кои Едвард Нортон, Џенел Монае, Кејт Хадсон и Дејв Батиста.

Режијата, продукцијата и сценариото повторно се со потписот на Рајан Џонсон.

Во продолжението има голема промена. Насловот на филмот беше променет во Glass Onion: A Knives Out Mystery, а креаторите сакаа да го одвојат од впечатокот дека е само продолжение. Сакаа да нагласат дека се работи за нова приказна од потенцијален серијал.

Треба да знаете
Последни објави