Руска новинарка уапсена во Иран за соработка со израелското разузнавање

Руската новинарка Јулија Јузик е уапсена во Иран од страна на Иранската револуциноерна гарда (ИРГЦ), соопшти нејзината ќерка на Фејсбук, пренесува „Крајм Раша“. По пристигнувањето во Иран, пасошот на Јузик ѝ бил одземен, но ја уверувале дека ќе ѝ го вратат кога ќе ја напушти земјата.

„Таа знаеше дека тоа може да се случи, но сепак отиде таму. Во сабота ќе има судење што ќе ја одреди нејзината иднината“, напиша таа, без да прецизира за што точно е обвинета Јузик.

Според новинарот Борис Војцековски, кој е поранешен сопруг на руската новинарка, по пристигнувањето во Иран на Јузик ѝ бил одземен пасошот, но таа била уверена дека ќе ѝ биде вратен на враќање. По четири дена била уапсена во хотелот и била обвинета за соработка со израелските разузнавачки агенции. Таа се соочува со затворска казна до 10 години.

„Пред неколку години Јулија работеше како дописник во Техеран, а сега отпатува таму на нечија покана, но не знам за кого се работи“, додава Војцековски.

Јулија Јузик работи за „Комсомолскаја правда“, а претходно работела за повеќе познати руски медиуми. Таа е автор на книгите „Невестите на Алах“ за жените-самоубијци и „Беслански речник“, што се заснова на разговори со преживеаните од масакрот во Беслан. Во 2016 година, Јузик се кандидираше за пратеник во регионалната Дума во Дагестан и беше поддржана од Михаил Ходорковски.

„Амбасадата на Русија во Техеран е информирана дека руската новинарка Јулија Јузик е приведена во Иран и се обидува да дознае повеќе за инцидентот. Амбасадата е свесна за ова и ја решаваме ситуацијата“, изјави за ТАСС претставникот за печат на руската дипломатска мисија, Андреј Ганенко.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, објави дека иранскиот амбасадор бил повикан во министерството за да ја објасни ситуацијата.Во меѓувреме, секретарот на Рускиот новинарски синдикат, Тимур Шафир изјави дека организацијата се обидува да контактира со иранската страна за да добие информации за инцидентот и да ги расветли обвиненија против Јузик.

Треба да знаете
Последни објави