Во градинка во Кисела Вода се појави опасната бактерија МРСА

Во градинката „Весели цветови“, односно во клонот „Кокиче“ во Кисела Вода, се појави опасната бактерија МРСА, алармираат загрижени родители, а веста е потврдена и од Центарот за јавно здравје. По информацијата ндлежните од ЦЈЗ излегле на терен и направиле увид во просториите на објектот, по што се дадени насоки како да се постапува со цел да се спречи епидемија.

– Добро е да се направи дезинфекција, редовно да се проветруваат просториите, да се води сметка за хигиената на кујнскиот прибор и играчките. Сепак, нема простор за паника. МРСА не е патогена бактерија, и од неа не треба да се плашат луѓе и деца со добар имунитет. Лошо е ако се појави во болница, каде што имунитетот на пациентите е видно опаднат, но во градинка претпоставуваме дека одат здрави деца – велат од Центарот за јавно здравје.

Треба да знаете
Последни објави