Солскјер: Повеќе не сме во 90-тите години

Менаџерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги потсети навивачите на тимот и критичарите дека 90-тите години се одамна поминати и реалноста за клубот е сосема поинаква.

Норвежанецот ја даде оваа изјава во позадина на фактот дека Јунајтед го има својот најлош старт на сезоната во последниве 30 години, а како одговор на тврдењата дека ривалите на „црвените ѓаволи” повеќе немаат никаков страв од Јунајтед, како што беше за време на Сер Алекс Фергусон.

– Повеќе не сме во 90-тите години. Времињата се различни, групата што ја градиме е исто така различна. Знаеме дека ќе има подеми и падови. Не знам што мислат ривалите за нас. Знам дека понекогаш не се справуваме лошо. Не можам да размислувам за тоа што мислат другите за нас. Ние работиме на подобрување на секој аспект, рече Солскјер.

Треба да знаете
Последни објави