Претставата „Како да се ограби банка” во изведба на актерите од Драмски театар Скопје синоќа ја преполни салата на Националната установа Центар за култура, Крива Паланка каде беше прикажана во рамки на програмата на 11-от Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски”.
Автор на претставата е Сами Фејд, режисер Иван Манасковски ,а преводот го приреди Коле Ангелковски.
Станува збор за претстава што зборува за комичноста на луѓето кои ќе се најдат во комплицирани ситуации.
Токму поради комичноста пренесена низ глумата на искусната и докажана актерска екипа: Лазе Манасковски, Марија Кондовска, Гоце Тодоровски, Симон Манасковски, Катерина Шехтанска – Лаковски, Калина Наумовска, Игор Георгиев ја привлече публиката која ја исполни салата до последно место и ги направи горди организаторите на фестивалот.
Годинашниот Меѓународен театарски фестивал во Крива Паланка започна на први и ќе трае до осми октомври, а настапуваат театрите од Балканските земји: Хрватска, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.
Во рамки на придружната програма на фестивалот, синоќа во НУЦК беше промовиран есејот „Дарежливоста на божјата рака” од Гоце Ристовски.
На репертоарот вечерва е претставата “Симулатор за спарување” на Драмски куклен театар,Враца, Република Бугарија.