Гатузо може да се врати во Милан, но само ако си оди Малдини

Милан има интересен фаворит за нов тренер во случај актуелниот ментор Марко Џампаоло да биде отпуштен. Според „Кориере дело Спорт”, се работи за Џенаро Гатузо, кој ги водеше „росонерите” пред Џампаоло.

Враќањето на легендата во Милан би можело да биде попречено од уште еден поранешен клупски играч со тој статус. Се работи за техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини. Според весникот, Гатузо се согласи да се врати во клубот, но само доколку Малдини ја напушти функцијата.

Гатузо ги предводеше „росонерите” од ноември 2017 до мај 2019 година, по што поднесе оставка. Сепак, Џампаоло денес изјави дека нема намера да си даде оставка и покрај трагичните резултати на тимот.

Треба да знаете
Последни објави