Женската македонска фудбалска репрезентација загуби од Србија во натпревар од Г-групата од квалификациите за Европското првенство 2021 година. Гостинската репрезентација денес на тренинг центарот „Петар Милошевски” славеше со убедливи 6:0.
Македонија одигра под своето ниво, далеку послабо отколку во дуелот против Казахстан, а силната Србија целосно го искористи тоа.
Головите беа дело на Благојевиќ, која стрелаше двапати, потоа на Филиповиќ, Вуковичќ исто двапати ја затресе мрежата на „црвено-жолтите”, а еднаш реализира Стефановиќ.