Петкратно убиство во Австрија – ја застрелал поранешната девојка и нејзиното семејство

Австриската полиција го испитува убиството на пет лица во ски-центарот Китзбуехел, соопшти полицијата.

Убиствата се случија во текот на ноќта, вели портпарол на регионалната полиција во Тирол.
Осомничениот убиец е уапсен, јави австриската новинска агенција АПА, повикувајќи се на полиција.

Локалните медиуми, повикувајќи се на полициските информации, објавија дека убиецот бил 25-годишен маж кој влегол во семејниот дом на неговата поранешна девојка и убил пет лица – младата жена и нејзиното ново момче, како и нејзините родители и братот.

Потоа тој се предал на полицијата и признал дека ги убил. Портпаролот на полицијата одби да ги коментира за Ројтерс извештаите на локалните медиуми.

Треба да знаете
Последни објави