Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд им се извини на навивачите на тимот за катастрофалниот пораз од Брајтон.
„Црвените” вчера на гостински терен беа поразени со 3:0 во натпреварот од 20. коло на Премиер лигата.
– Им се извинуваме на нашите навивачи за нашето лошо издание и високиот пораз. Ливерпул е голем клуб, ние мора да бидеме подобри. И ќе бидеме, изјави Александар-Арнолд.
Ливерпул го претрпе вториот последователен пораз во Премиер лигата и се наоѓа на деветтото место на првенствената табела со 28 бодови од 18 натпревари.