За една недела казнети 333 возачи за непрописно паркирање во општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за една недела санкционираа 333 возачи за непрописно паркирање.

Во периодот од 30.09. до 06.10., со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 161 непрописно паркирани возила, од кои четри несовесно паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 172 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар велат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Треба да знаете
Последни објави