Спасени 44 мигранти на италијанскиот остров Лампедуза

Шпанската хуманитарна група „Отворени раце” соопшти дека спасила 44 мигранти во Средоземно море, меѓу кои има едно момче и бебе, кои се наоѓале во мал брод обидувајќи се да стигнат до европскиот брег.

Тие се спасени доцна синоќа во зоната за спасување на Малта, на околу 80 километри од италијанскиот остров Лампедуза.

Шефот на мисијата на спасувачкиот брод „Отворени раце”, Жерар Канал изјави дека им било кажано од малтешкиот Центар за координација за спасување да не им помагаат на мигрантите, но дека тоа го сториле затоа што не можеле да стигнат до копно бидејќи останале без гориво.

Спасени се 44 лица, од кои 38 мажи, четиригодишно момче и бебе на возраст меѓу шест и девет месеци.

Треба да знаете
Последни објави