Шилегов: Ќе побарам разрешување на директорката на Централен оти не сака да ја смени сопственоста на Дрисла, оти Мијалков го води бизнисот

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вечерва на Топ тема на Телма, обвини дека директорката на Централниот регистар и неколку регистратори одбиваат да направат промена на сопственоста на депонијата Дрисла иако градот е во право.

Ние ќе побараме нејзино разрешување и кривично ќе ја гониме неа и регистраторите затоа што одбиваат да го заведат градот како концесионер на депонијата за која сите знаеме дека досега ја работи Мијалков, рече Шилегов.

Треба да знаете
Последни објави