Во Ирак повторно е овозможен пристап до Интернет, кој беше прекинат уште од 2 октомври по антивладини протести во главниот град Багдад и другите градови на југот.
Исто така, овозможен е и пристап до социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Ватсап.
Најмалку 110 лица беа убиени, и повеќе од 6.100 повредени во антивладините протести во Ирак од 1 октомври, соопшти ирачкото Министерство за внатрешни работи.
Демонстрациите против актуелната влада предводена од премиерот Адил Абдул-Махди започнаа во вторникот во Багдад. Протестите уследија по повиците на активистите кои тврдеа дека владата не успеала да го подобри животниот стандард на своите граѓани и да ги спроведе потребните реформи.
Поради протестите, полициски час беше воведен во неколку ирачки градови од четвртокот. Владата вчера почна преговори со демонстрантите кои бараат оставка на премиерот Адел Абдул-Мехди, подобрување на животниот стандард и ставање крај на корупцијата во Ирак.