Грбав кит, долг најмалку пет метри, е забележан во реката Темза, источно од Лондон, скоро една година откако кит белуга за првпат е виден во британскиот главен град.
„Сигурни сме 99,99 проценти дека станува збор за грбав кит, забележан е повеќе пати“, изјавија од Управата во Лондон која ја надгледува реката.
Китот белуга, наречен Белуга Бени минатата година мина три месеци во реката Темза. Сепак, овој пат не станува збор за Белуга Бени, туку за грбав кит.
Грбавите китови можат да тежат до 40 тони и да пораснат до 18 метри, а некогаш биле омилен лов на рибарите. Мигрираат десетици илјади километри годишно меѓу богатите подрачја со храна во Арктикот и тропските води каде што се парат, пишува BBC.
https://youtu.be/Fnw8eIxXYeA