Русија очекува Иран наскоро да одобри барање за конзуларна помош на притворената руска новинарка Јулија Јужик, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров.
„Баравме конзуларен пристап и претпоставуваме дека ќе биде одобрен наскоро“, рече Захарова.
Министерството за надворешни работи на Русија е во контакт со семејството на притворената Јужик, додека конзулот во Техеран е во контакт со нејзината мајка, пренесува ТАСС.
„Иранскиот амбасадор во Москва беше повикан и нашиот заменик-министер разговараше со него. Добивме уверувања од иранската страна дека прашањето ќе биде решено во блиска иднина“, рече Захарова.
Руската новинарка Јулија Јужик беше уапсена на 2 октомври во хотел во Техеран, каде што престојуваше.