Шведскиот фудбалски интеранционалец Златан Ибрахимовиќ доби статуа пред стадионот во родниот град Малме.
Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси денеска свечено ја откри бронзената статуа со својот лик, висока 2,7 метри и тешка 500 килограми. Таа е поставена пред новиот стадион на Малме, градот каде што ја започна својата кариера поранешниот ас на Ајакс, Јувентус, Интер, Милан, Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед.
„Многу сум среќен за местото каде што е поставена статуата. Тоа беше моја желба уште од почеток. Започнав во Малме и срцето ми е таму“, рече Ибрахимовиќ, пренесува Шведската фудбалска федерација.