Фотографијата на која наводно Даниел Кајмакоски го покажува симболот на голема Албанија, предизвика големо внимание во јавноста. Србите го осудија овој потег, пејачот даде изјава во врска со тоа.
– Покажував како ми се лакирани ноктите, за потребите на снимањето на „Твоето лице звучи познато“. Една од позите ми беше таа со рацете и не знам зошто предизвика толкаво внимание. Не знаев дека тоа е некој албански знак. Македонец сум и православен, никогаш не би направил намерно такво нешто. Во шок сум од сето ова“, рекол Кајмакоск.