Осомничениот Бојан Јовановски во истрагата „Рекет” кој требаше да даде исказ кај обвинителката Вилма Русковска, го изнесоа од гаражата на Обвинителството и го внесоа во возило на брзата помош. Медицинската екипа стигна во 12.30 часот, односно дваесетина минути откако Јовановски го внесоа во Обвинителството.
По 30-ина минути го симнаа по скалите во количка и го внесоа во возилото.
Јовановски попладнево требаше да даде исказ како осомничен во истрагата „Рекет”, но засега нема информација дали воопшто дал исказ.
Видео и фото: ТВ21
https://www.facebook.com/tv21hd/videos/1648943858573792/?t=0