Кевин Спејси тајно престојува во Белград

Еден од најголемите холивудски актери Кевин Спејси, престојува во Белград.

Според „Блиц жена“, Спејси денес го посетил Народниот театар, а потоа се прошетал низ улиците на главниот град.

Актерката Вања Милачиќ објави фотографија на Инстаграм  на која таа и нејзината колешка Марија Вицковиќ се во друштво на оскаровецот, а покрај неа таа напиша:

„Кевин Спејси дојде на генералната проба на претставата ‘Сон на летната ноќ’, проект Шекспир. Спектакуларна круна на возбудливиот процес на работа на претставата. Вечерва премиера“.

https://www.instagram.com/p/B3UQlonosFB/

Според „„Блиц жена“, актерот бил исклучително љубезен и пријатен.

Спејси дошол во Белград во строга тајност за да снима серија, но не е познато за кое остварување станува збор.

Тоа е првиот проект во кој Спејси е ангажиран по обвинувањата за сексуална злоупотреба на едно момче пред две години.

Треба да знаете
Последни објави