Турскиот потпретседател изјави дека неговата земја нема да биде заплашена од закани, што е воздржан прв одговор на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да ја уништи турската економија.
„Нашата порака до меѓународната заедница е јасна. Турција не е земја на која ќе влијаат некакви закани“, изјави потпретседателот Фуат Октај во Анкара.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган е во официјална посета на Србија, а досега нема никаква понатамошна реакција од неговата администрација.
Вчера Трамп се закани дека целосно ќе ја уништи и збрише турската економија доколку Анкара отиде предалеку, преземајќи воена операција во Сирија.
As I have stated strongly before, and just to reiterate, if Turkey does anything that I, in my great and unmatched wisdom, consider to be off limits, I will totally destroy and obliterate the Economy of Turkey (I’ve done before!). They must, with Europe and others, watch over…
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 7, 2019
Американските трупи почнаа да се повлекуваат од североисточна Сирија, по должина на турската граница, објавија курдските сили во понеделникот.
Сирискиот сојузник Иран вели дека се противи на планираната турска офанзива.
Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, во телефонски разговор со својот турски колега Мевљут Чавушоглу истакнал дека сирискиот територијален интегритет и суверенитет мора да се почитуваат, соопшти Министерството за надворешни работи во Техеран.