Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика денеска Хилари Клинтон да се вклучи во претседателската трка пред изборите во 2020 година.
– Мислам дека нечесната Хилари Клинтон треба да се приклучи и да се обиде да ја украде од ултралевичарката Елизабет Ворен, напиша Трамп на Твитер, додавајќи дека има само еден услов.
Тој истакна дека „нечесната мора да ги објасни сите свои злосторства и прекршоци, вклучувајќи и тоа како и зошто избришала 33.000 мејлови по добивањето судска покана”.