Лука Дончиќ постигна за него скромни 15 поени, имаше и 10 асистенции. Овој скор е далеку под неговиот просек, но и немаше да е толку лош да не беше очајниот процент на реализација. Словенецот пет пати шутна за тројка и не погоди ниту еднаш, имаше шест слободни фрлања, реализираше само едно.
Од другата страна доминираше Лилард кој уфрли 36 поени и беше најзаслужен за убедливиот триумф на Портланд од 136-119.
Резултати:
Мајами – Милвоки 111:95
Шарлот – Бостон 106:122
Индијана – Мемфис 112:130
Торонто – Атланта 103:114
Минесота – Кливленд 110:102
Јута – Филаделфија 117:118
Портланд – Далас 136:119