Македонија го одработи тренингот, а Словенија чека во авион

Пред утрешниот дуел во Скопје од квалификациската група Г за Европското фудбалско првенство -2020, македонската селекција го одработи тренингот, додека пак селекцијата на Словенија чека заробена во авион на пистата да полета од Љубљана. Пристигнувањето во Скопје на словенечката експедиција беше најавено околу пладне, но проблеми со климатизацијата во авионот на полската компанија „Ентер Ер“ која треба да го реализира чартер-летот ги остави да чекаат во авионот. Овој технички инцидент предизвика нервоза кај селекторот Матијаж Кек и неговите избраници.

Според словенечките медиуми додека не биде надминат проблемот со системот за климатизација, авионот нема да може да полета, а фудбалската експедиција ќе чека во авион.

Словенија ја ангажираше полска компенија за чартер лет откако банкротираше националниот авиопревозник „Адрија“, која последен пат леташе пред една недела кога ги врати словенечките одбојкари од Франција, кои го освоија среброто на ЕП.

 

Треба да знаете
Последни објави