Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, асистенткта на Јовановски во „Меѓународниот сојуз“ и самиот Бојан Јовановски се петмината осомничени за перење пари во невладината „Меѓународен сојуз“, дознава ТВ24 од извори во истрагата.
Тие се осомничени дека ги измамиле бизнисмените Силјан Мицевски и Адриан Амзовски. Надлежниот обвинител до судијата на предходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје во текот на денот ќе достави предлог за определување на мерка притвор за едно лице и мерки на претпазливост за останатите осомничени лица, а Јовановски веќе е во притвор.
Според ОЈО; осомничените со умисла му помагале на Боки 13 во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација. Воедно, едно Ременска заедно со Боки 13 присуствувала на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт, велат од ОЈО.