Суд во Пенсилванија пресуди дека американскиот фармацевтски гигант „Џонсон енд Џонсон” мора да плати осум милијарди долари отштета поради тоа што не предупредил дека нивниот антипсихотик може да доведе до раст на градите кај мажите.
Николас Мари (26) го тужеше Џонсон енд Џонсон и неговата подружница Џенсен поради тоа што по земањето на лекот Риспердал му се зголемиле градите.
Во соопштението од фармацевтската компанија се наведува дека отштетата е „далеку несразмерна”, со оглед на тоа дека првостепениот суд на Мари му доделил отштета од 680.000 долари.
Со продажбата на лекот, фирмата во 2018 година заработиле 737 милиони долари.