ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ само тонеме, живее само елитата во власта

Соопштение до јавноста на ВМРО-ДПМНЕ,  реакција на говорот на Мила Царовска и Дамјан Манчевски во Кочани.

„Минималната плата која СДСМ ја ветува е фарса. Власта нема реална контрола и голем број на работници се принудени парите да ги враќаат на рака.

Наместо реално покачување имаме покачување само на хартија.

Работниците се понижени и оставени на маргините на општеството, затоа се повеќе луѓе се иселуваат.

Само во еден ден, град како Делчево со 18-тина илјади жители го напуштиле 1.000 луѓе. Тоа е одраз на апатијата во која е западната државата, безперспективноста и криминалот.

Нивото на странски инвестиции е помало од било кога до сега.

Реализацијата на капитални инвестиции е очајно ниска и изнесува 28% за цели 8 месеци. Тоа не говори ВМРО-ДПМНЕ, тоа го говори ДЗС.

Со СДСМ само тонеме. Живее само елитата во власта.

СДСМ мора да си замине.“

 

Треба да знаете
Последни објави