Италијанскиот фудбалски стручњак Лучијано Спалети преговара за продолжување на договорот со Наполи, објави новинарот Николо Шира.
Спалети планира да го продолжи договорот до летото 2025 година.
Шеесет и тригодишниот Италијанец седна на тренерското место на Наполи во јули 2021 година. Неговиот договор истекува во јуни 2023 година.
Сезонава Наполи е на врвот во Серија А со 47 бодови од 18 натпревари.