Интер стигна до минимална победа над Верона (1:0) и се израмни бодовно со Јувентус на третата позиција на табелата во Серија А. „Нероаѕурите“ имаат десет бода негатива во однос на лидерот Наполи. Лаутаро Мартинез во третата минута ја погоди мрежата на Верона, а потоа тимот на Симоне Инзаги умешно ја чуваше предноста. Верона не успеа посериозно да се закани иако во финишот тргна кон голот на домаќинот.