Моторџија-дилер на марихуана нападнал полицаец

На 09.10.2019 во 17.30 часот во Полициска станица Карпош бил лишен од слобода О.Е.(23) од с.Кондово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’.

На 09.10.2019 околу 12.15 часот во близина на с.Грачани, скопско, полициски службеници при преземање на службени дејствија, кај О.Е. кој управувал мотор „хонда крос“ без документи, пронашле 1 кг. марихуана. При приведувањето, О.Е. физички нападнал полициски службеник. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави