Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити, Пеп Гвардиола инсистираше на тоа дека младиот плејмејкер Фил Фоден е клучен дел од неговите идни планови и е единствениот играч на кој не би му дозволил да си замине ниту за 500 милиони евра.
– Не случајно му дадовме на Фил нов договор. Тој е иднината на тимот. Тој е Манчестер сити. Кога Давид Силва ќе заврши, тој ќе биде нашиот следен волшебник. Ние нема да привлечеме друг играч за оваа позиција. Тој нема да оди никаде, дури и за понудата од 500 милиони евра. Тој едноставно нема шанса да не пушти, тој останува со нас, изјави Гвардиола за англиски „Гол”.
Тој додаде дека Фоден има сјајна иднина пред него и дека ќе биде меѓу најдобрите играчи во Премиер лигата.