Стефче Трпковски градоначалникот на општина Сопиште вели дека на граѓаните на оваа општина им ветува достапност и време во решавањето на проблемите кои се во ингиренции на нивната општина. Објаснува дека има одлична соработка со АФЗРП,Бирото за регионален развој,Скопски плански регион и Светска банка.
Две години откако сте на функцијата градоначалник. Што беше планирано за овој период, а што е остварено?
Беше планирано да работиме со својот буџет а се оствари нашиот буџет да биде основ за работа на Министерството за внатрешни работи.
Каква е соработката со централната власт?
Имаме одлична соработка со АФЗРП,Бирото за регионален развој,Скопски плански регион и Светска банка.
Колку новите обврски ви оставаат простор за приватниот живот?
Приватноста не е битна.
Што им ветувате на граѓаните за следниот период и дали ќе се кандидирате на следните избори?
На граѓаните им ветувам достапност и време во решавањето на проблемите кои се во ингиренции на општина Сопиште како и исполнување на програмата.
Валентина Ангеловска