Таа е една од најпознатите супермоделки на сите времиња, позната и како „Црниот Пантер“, која модните куќи продолжуваат да ја ангажираат за да биде нивно заштитно лице. Наоми Кембел ќе наполни 50 години во мај следната година, а во своето последно интервју за магазинот WSJ открива дека сè уште нема намера да се откаже од модниот свет во корист на мајчинството, за што таа сè уште не е подготвена, пишува „Дејли мејл“.
Себеси се гледа како мајчинска фигура на многуте деца со кои се сретнала за време на нејзината добротворна работа, на бројни патувања низ Африка и организирање добротворни вечери. Освен за мајчинството, во интервјуто Наоми зборуваше и за својот осаменички живот, откако помина многу години во врски со влијателни мажи.
„Да се живее сам, не значи дека сте осамени. Немам време да ми биде досадно или да бидам осамена. Приватноста е исклучително важна за мене, затоа секогаш се грижам дека мојата работа нема да ми го дозволи тоа“, додаде таа.
Таа вели дека живее „нов живот“ и тоа – трезен и признава дека била зависничка од алкохол и дрога.
„Преживеав! Не можам да кажам дека сега живеам исклучително чист живот, ниту се преправам дека го водам. Не ми беше срам да признам дека сум зависник и благодарна сум на Бога што денес конечно сум лекувана зависничка и лекувана алкохоличарка“, рече Наоми.