ФОН: Упатуваме честитки до добитникот на Нобеловата награда за мир за 2019 – Премиерот на Етиопија Аби Ахмед

Упатуваме честитки до добитникот на Нобеловата награда за мир за 2019 – Премиерот на Етиопија Аби Ахмед.
Истовремено би сакале да истакнеме дека ни претставуваше чест како Универзитет заедно со добитничката на Нобелова награда за мир Уидед Бушамауи и почесен доктор на науки на нашиот универзитет, да ги номинираме Премиерот Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас за нивните напори во постигнувањето на историскиот договор од Преспа.
Двајцата со нивните заложби покажаа дека Балканот не е повеќе место во кое конфликтите и разликите се ненадминливи. Туку истите може да отворат нови врати на пријателство и просперитет за сите граѓани.
Треба да знаете
Последни објави