– Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека припадниците на т.н. Исламска држава, кои во моментов се во затвор во североисточна Сирија, би можеле да ја искористат турската воена операција и да избегаат. За време на посетата на Туркменистан, Путин рече дека не е сигурен дека Турција може да ја држи ситуацијата под контрола. Турција започна воена операција во североисточна Сирија пред два дена, насочена против курдските борци.