Едногодишно дете е во кома во болница во Италија откако проголтало дрога. Детето чии родители се од Хрватска, било хоспитализирано вчера во многу сериозна состојба откако голтнало дрога, најверојатно канабиноиди.
Според италијанските медиуми, детето било примено на интензивна нега во четвртокот навечер во болница во Фоџа и било ставено во индуцирана кома. Според првичните информации, станува збор за дете на хрватски родители, 34-годишна мајка и 39-годишен татко.
Детето кога било донесено било во многу сериозна состојба и без свест. Лекарите веднаш извршиле тестови за да утврдат дали проголтало опојна дрога, за што ја известиле италијанската полиција. Полицијата извршила претрес во домот на хрватската двојка, но не откриле никакви траги на дрога.
Истрагата продолжува и лекарите продолжуваат да се борат за животот на детето.