Англија загуби квалификациски меч по десет години

 

Чешка ја победи Англија со 2-1 и ја прекина неверојатната серија од десет години без загубен меч на „Гордиот Албион“ во квалификации. Натпреаврот почна како што поскауваше Англија, кога во третата минута Стерлинг беше фаулиран во шеснаесетникот на Чешка, судијата покажа пенал кој го реализираше Хари Кејн за водство од 1-0. Но, веќе во деветата минута резултатот беше изедначен, Брабец погоди за 1-1. Конечниот резултат (2:1) во 85. минута го постави Ондрасек.

Англија има 12 бода по пет одирани натпреаври во групата А, Чешка е втора со 12 бода од шест меча, додека Косово е третопласирано со осум бода.

Португалија немаше проблеми против Луксембург и со погодоците на Силва, Роналдо и Гуедеш стигна до три бода. И Украина не ја пропушти предносрта на домашниот терен да ја претвори во нова победа овојпат против Литванија (2:0).

Во групата Б лидер е Украина со 16 бода, Португалија е втора со 11 бода, а третопласирана е Србија со 11 бодови.

Резултати на другите одиграни мечеви вечерва:  Андора – Молдавија 1-0, Црна Гора – Бугарија 0-0, Исланд – Франција 0-1, Турција – Албанија 1-0.

Треба да знаете
Последни објави