Дефанзивецот на Рома, Александар Коларов, ја отфрли можноста да се врати во Србија и да го облече дресот на Црвена звезда. Тој е дете на „црвено-белите”, но никогаш не заигра за сениорите. 33-годишниот лев бек, сепак, планира да ја заврши кариерата во странство.
– Црвена звезда е одличен клуб, каде играв како дете. Сепак, немам амбиција да се вратам во српскиот фудбал. Планирам да ја завршам кариерата во странство, рече Коларов.
Договорот на Коларов со Рома завршува летото, но „волците” се надеваат дека ќе го убедат повторно да потпише до 2022 година.
Во моментов, сепак, дефанзивецот не брза со одлуката и ќе почека до крајот на сезоната.