Македонската ракометна репрезентација се соочува со првите проблеми околу составот, откако Томислав Јагуриновски се повреди синоќа на дуелот против Норвешка. По направените прегледи, било утврдено дека Јагуриновски нема да може да настапи на утрешниот дуел против Холандија, па затоа селекторот Кирил Лазаров веднаш реагираше.
На местото на Јагуриновски, повикан е Давид Савревски.
Тој е еден од тројцата ракометари кои испаднаа на последното кратење на составот, пред заминувањето во Краков. Се очекува Савревски од Скопје да пристигне во Краков навреме за дуелот против Холандија.
Отсуството на Јагуриновски сигурно ќе биде хендикеп за нашата селекција, посебно затоа што вчера против Норвешка беше одличен додека беше на теренот.
Натпреварот против Холандија Македонија го игра утре од 18:00 часот, додека третиот дуел на првенството ќе го играме против Аргентина во вторник исто така од 18:00 часот.