Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе го пропушти дербито во Премиер лигата против Ливерпул и најверојатно ќе биде на теренот на почетокот на ноември, објави „Дејли мејл”.
„Црвените ѓаволи” ја започнаа новата кампања многу лошо, а по осум рунди се само на два бода од зоната за испаѓање, регистрирајќи го најлошиот старт во последните 30 години.
Ливерпул е лидер во пласманот со 24 поени. Двете екипи ќе се сретнат на 20 октомври на „Олд Трафорд”. Јунајтед ќе мора да се справи без својот клучен играч, кој нема да може да се опорави од повредата на десната нога.
Францускиот играч од средниот ред, кој се опоравува во Дубаи, ќе ги пропушти и натпреварите против Партизан од Лига Европа, Норвич од Премиер лигата и Челзи од Лига Купот.