Аца Лукас важи за еден од најбараните пејачи за настапи низ цел Балкан, а така е и во Македонија.
Тој раскажува дека публиката во Македонија е меѓу најдобрите пред кои настапува. Овде сигурно е добро платен за настап, но Лукас изненади со изјавата дека кога и да пее во Скопје, дома си оди без пари.
-Ќе издовјам еден факт, секогаш кога доаѓам на настап во Скопје, дома си одам со празни џепови. Тоа е така затоа што секогаш претстојувам во хотел во кој има казино кое работи цела вечер, рече тој.
Во Македонија има многу пријатели.
-Доаѓајки во Македонија јас сум опуштен и смирен, се чувствувам како дома кога ја минувам границата. За разлика од западните земји, некако не е својствено и поспано се чувстувувам. Од македонските изведувачи најмногу се заљубив во музиката на Тоше Проески, а многу сакам да го слушам и Мартин Вучиќ, а од пејачките Тијана Дапчевиќ, откри пејачот.
Преземено од Курир