ЕВРОПАПочнаа парламентарните избори во ПолскаОбјавено пред 20 минути – 13 октомври, 2019Од Макфакс
Во Полска денеска се одржуваат парламентарни избори.
Според анкетите, се очекува убедлива победа за Јарослав Качински и владејачката Партија на правото и правдата, која би можела да освои доволно парламентарни места за сама да формира влада.
Гласачите треба да изберат 460 пратеници за Сејмот (Долниот дом на Парламентот) и 100 членови на Сенатот (Горниот дом на Парламентот). Првите резултати ќе бидат објавени најрано утре.