Еден од најдобрите напаѓачи оваа сезона, Роберт Левандовски, по синоќешниот триумф (2:0) над македонската репрезентација изјави дека ќе атакуваат на висок пласман на евро-шампионатот.
Полска на две кола пред крајот на квалификациите го обезбеди пласманот на ЕУРО 2020.
– Планот е исполнет, ја поминавме групата. На вакви натпревари треба да издржите. Практично ништо не му беше дозволено на противник. Фактот дека изборивме пласман на Европското првенство не е толку важен. Имаме големи цели за завршниот турнир. На преостанатите натпревари од квалификациите сакаме да се натпреваруваме за прво место во групата.
Полска до крајот на квалификациите ќе игра со Израел на гости и со Словенија на домашен терен.